Пусиќ: На Самитот ЕУ-Западен Балкан не е исполнето ниту едно очекување од регионот

Од:

Поранешната министерка за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ денеска изрази разочарување од резултатите на самитот ЕУ-Западен Балкан и изјави дека „ниту едно од очекувањата на земјите од регионот не е исполнето“.

dobivaj vesti na viber

– Резултати од Самитот: кандидатски статус за Босна и Херцеговина – не; почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија – не; забрзување на процесот за Црна Гора – не; визна либерализација за Косово – не; да се опкружи Србија со успеси, да се движи кон ЕУ – не“, напиша Пусиќ на Твитер.

На крајот прашува: – Што сега?

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Абазовиќ: ЕУ да сфати дека Западен Балкан или целосно ќе се интегрира или ќе остане црна дупка

Германија моли за работници од Балканот

Бербок: Не смееме повеќе да губиме време на Западен Балкан

Ана Ололовска

Балкански барометар: Опаѓа поддршката за европската интеграција на Западен Балкан

Ана Ололовска

Српските медиуми со критики по самитот ЕУ-Западен Балкан

Ана Ололовска

Шарл Мишел: Европската унија и Западен Балкан се потребни еден на друг

А1он