Пусиќ и Ерјавец: Најдовме решение за „Љубљанска банка“

Од:

Шефовите на дипломатиите на Словенија и Хрватска, Карл Ерјавец и Весна Пусиќ, вечерва соопштија дека пронашле решение за спорот на двете земји околу „Љубљанска банка“, но дека не можат да го претстават се додека не биде одобрено од владите во Љубљана и Загреб.

-Решенеито околу кое сме согласни има неколку различни подваријанти, изјавија Пусиќ и Ерјавец, по шестчасовниот состанок во Оточац на Крка, во Словенија.

Како што јавува Хина, министрите најавиле дека решението за прашањето на старите девизни заштеди на хрватските штедачи во поранешната „Љубљанска банка“ ќе им го претстават на своите влади  и дека, ако тие не го прифатат, повторно ќе се состанат во Загреб, на 19 февруари.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари