Пуповац: Не се двоумевме околу поддршката за Пленковиќ

Од:

Претседателот на Самостојната демократска српска партија (СДСС) во Хрватска, Милорад Пуповац, изјави дека партијата не се двоумела да го поддржи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и дека продолжиле разговорите со него за нивните позиции во новата хрватска Влада.

За весникот „Политика“ Пуповац кажа дека е договорено министер да биде некој што ќе го предложи СДСС, односно претставник на српската заедница, кој ќе ги застапува интересите на Србите и другите малцинства.

Тој соопшти дека не е исклучена ниту позицијата вицепремиер.

-Немаме никој на таа позиција долго време, од 2011 година, кога Слободан Узелац ја напушти функцијата заменик премиер, рече Пуповац.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски