Пукотници кај блокадите на Белведере во Црна Гора, нема повредени

Од:

На блокадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија.

Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти кои се противат на устоличувањето се упатија кон Цетиње. Во манастирот во тек е устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоанакије.

Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми.

Патријархот на Српската православна црква, Порфириј и митрополитот црногорско-приморски, Јоаникије, со хеликоптер пристигнаа во манастирот Цетиње. Нив ги обезбедуваат силни полициски сили, јавија црногорски медиуми. Хеликоптерот слета пред манастирот Цетиње.

Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора