Пукотници и потера во Сплит, избега осомничен за убиство на својата бремена девојка

Од:

Опасен затвореник со лисици на рацете е во бегство низ улиците на Сплит, откако им побегнал на судските полицајци по завршувањето на судско рочиште.

Бранимир Чалета е осомничен за убиство на својата девојка од Украина, која била во осмиот месец од бременоста. Тој денеска се оттргнал од стражарите и почнал да трча во моментот кога го спроведувале од зградата на судот, а судските полицајци истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, пишуваат хрватските медиуми.

Потрагата по осомничениот убиец и натаму е во тек, а медиумите постојано ги објавуваат податоците за изгледот и облеката на Чалета, во надеж дека некој ќе го препознае и пријави.

Мобилизирани се комплетните полициски сили на Сплит и околните места, кои го пребаруваат делот од градот во кој затвореникот последен пат бил виден. Во потрагата се вклучени и сите полициски кучиња на сплитската полиција. Се „чешла“ улица по улица, во зависност од дојавите од граѓаните, кои постојано пристигнуваат. Полицијата е распоредена и ги контролира и сите излези од градот.

Како што изјави адвокатот на бегалецот, Хрвоје Кришто, денеска имало рочиште на кое сведочеле роднините на Чалета и на неговата убиена партнерка од Украина. За тешкото убиство, на осомничениот му се заканува казна од 20 до 40 години затвор. Според присутни на рочиштето, Чалета денеска бил многу емотивен и изразил жалење за убиството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жители на Сплит се тепаа со туристи

ВИДЕО: Во среде сезона дојави за бомби во Сплит

Тело на маж е пронајдено во морето кај Сплит, полицијата тврди: Најверојатно е жртва од судир на бродови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Жена ги откри градите среде хрватски ресторан

ВИДЕО: Се лизгаат по улица во долна облека, луѓето во шок: „Во некои земји ќе ги носеа на психијатар

Предраг Петровиќ

Сплит со нови казни за туристите летово, некои се и по 300 евра

Ана Ололовска