Пукотница во гимназијата во Сански Мост: Убиени се директорот, секретарката и една учителка

Од:

Директорот на Гимназијата Нијаз Халиловиќ, учителката Гордана Ниџан и секретарката Нисвета Кљуниќ загинаа во утринскиот напад во Гимназијата во Сански Мост.

Според очевидци, тие биле убиени од вработениот во Гимназијата, М.В. кој вооружен влегол во објектот.

Како што дознава „Независне новине“, тој ги застрелал директорот на Гимназијата, учителката и секретарката Нисвета Кљуниќ.

Министерството за внатрешни работи потврди дека се убиени три лица, а осомничениот потоа се обидел да си пресуди.

Тој е пренесен во болница во тешка состојба.

Мотивот наводно се одредени несогласувања кои постоеле од порано. Во тек е истрага, а училиштето е опколено од силни полициски сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

A1on

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

Пукање во Чаир, еден повреден

Три жени ранети во престрелка во Англија

(ВИДЕО) Вооружен маж во Киев влезе во продавница и почна да пука: Има повредени