Косово напнато, неколкумина повредени

Од:

Во судирите на локалните Срби на Косово со силите на КФОР има неколу повредени, а приведени се и неколку Срби.  Повредени се и двајца германски војници на КФОР.

Ситуацијата кај Звечан е сеуште напната и Србите не дозволуваат премин на КФОР кон Рударе каде што има поставени барикади.

Судирот почна изутрината кај селото Рударе каде што припадниците на КФОР почнаа да ја отстрануваат барикадата поставена од локалните Срби.

Директорот на болницата од Косовската болница Милан Јаковљевиќ кажа дека има уште тројва повредени ама поради блокадата на патиштата, брзата помош не може да ги донесе.

http://www.youtube.com/watch?v=3GXYxVVYKDA

КФОР ја пробил барикадата кај рударе и продолжил со напредок кон барикадата Крст во Велико Рударе. Со огромниот број собрани Срби се претставниците на локалната самоуправа на Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ.

Тој за Б92 изјави дека загрижува што војниците на КФОР користат боева муниција и дека има многу повредени Срби.

„Тројца млади Срби успеавме да ги префрлиме до болницата во Косовска Митровица, меѓутоа тројца други останаа на линијата на раздвојување со КФОР, кој не дозолува брзата помош да дојде до местото и да им пружи помош, вели Пантиќ.

Според него околу 1000. луѓе се наоѓаат околу барикадата на КФОР, и дека војниците постојано пукааат ако забележат дека некој се приближува кон барикадата.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски