Пукање во хотел во Приштина: Една жртва, двајца повредени

Од:

Едно лице загина, а две други се повредени во хотел во приштинска населба, пренесуваат косовските медиуми.

Според портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, денеска околу 13 часот и 20 минути полицијата добила информација за пукање во хотел во населбата Арберија во Приштина.

На местото веднаш пристигнале полициски единици и медицинска екипа, додаде Ахмети.

Според првичните информации едно лице се здобило со прострелни рани и починало на лице место, а лекарската екипа ја констатирала смртта.

Две лица се повредени и испратени во болница.

Полициските истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со настанот, јавува Косово онлајн.

Би можело да ве интересира

Курти од косовски Че Гевера до премиер – кожњак, долга коса, локни

А1он

Вучиќ: Нема да потпишам ништо утре во Охрид

Горан Наумовски

Белград и Приштина да се охрабрат за успех на дијалогот во интерес на нивните народи, порача Борел

Ана Ололовска

Ескобар: Сега сме многу поблиску до формирањето на Заедницата на српските општини на Косово

Горан Наумовски

Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид

Ана Ололовска

Знам на што положив заклетва, нема признавање на Косово