Птица го принуди да слета авионот во кој се возеше турскиот министер за одбрана

Од:

Авион со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници денеска принудно слета откако удри во птица.

Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база Газиантеп, недалеку од границата со Сирија.

Авионот удрил во птицата непосредно по полетувањето, што го принудило пилотот да изврши принудно слетување на аеродромот во блиската воена база недалеку од градот Адана.

При принудното слетување никој не е повреден, а авионот претрпел мала штета.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски