Психолог и педагог во полиција објаснуваа дали убиецот од Врачар се однесувал невообичаено пред пукањето

Од:

Психолог и педагог кои се вработени во ОУ „Владислав Рибникар“ беа на распит во полиција. Како што е познато, тие беа повикани да објаснат дали момчето кое го изврши масакрот во училиштето се однесувало невообичаено пред пукањето, како и дали имало проблеми со него на училиште.

„Училишниот психолог и педагогот беа сослушани како дел од преткривичната постапка што беше поведена против мајката на момчето со цел да се провери дали нејзиното однесување кон нејзиниот син содржи елементи на кривично дело запуштање и напуштање малолетно дете. Нивните изјави во полиција кога ќе бидат преземени и останатите дејствија што се наредени, заедно со пријавата ќе биде доставена до обвинителството“, изјавија од полицијата за српските медиуми.

До сега изјава даде мајката на момчето, како и дадилката која го чувала од единаесеттиот месец до пред неколку години. Овој случај го презеде Вишото обвинителство во Белград, бидејќи пред нив веќе се води случајот против таткото на момчето кое пукаше во училиштето во Врачар.

Неговиот татко беше уапсен истиот ден, на 3 мај, кога се случи грозоморниот масакр во центарот на Белград, кога беа убиени осум деца и училишен чувар, а беа ранети шест ученици и еден наставник по историја. По 12 дена една од ранетите девојки почина и стана десеттата жртва.

Таткото се уште е во притвор. Тој е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност.

Би можело да ве интересира

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар