Првични резултати од изборите на Косово – водат радикалните националисти

Од:

Гласачките места во Косово се затворија во 19 часот вечерва, а Централната изборна комисија (ЦИК) објави прелиминарни бројки за излезност од 44 проценти, при што првите излезни анкети покажуваат предност на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти со околу 28 до 30 проценти од гласовите.

Следат Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа со 27 до 30 проценти, Демократската партија на Хашим Тачи и Кадри Весели со 22 проценти, односно коалицијата Алијанса за иднината на Косово и Социјалдемократската партија на Рамуш Харадинај и Агим Чеку со 10 до 12 проценти од пребројаните гласови.

Право на глас на вонредните прарламентарни избори на Косово имаа околу 1,9 милиони избирачи од сите 38 косовски општини, а за 120 пратенички мандати се натпреваруваат 1.067 кандидати од 25 партии и коалиции. Изборите на Косово беа набљудувани од ЕУ со околу 100 официјални претставници и претставници на повеќе од 40 невладини организации и здруженија.

Ветевендосјe (Самоопределување) е радикална националистичка партија која, според прелиминарните резултати, има и добри шанси за власт, а станува збор за опција која не е особено склона кон Европската унија, пренесува хрватски „Индекс“.

Најголем одзив е забележан во Обилиќ – околу 60 проценти, Зубин Поток во северно Косово – 57 проценти и во Приштина – 56 проценти.

Во северна Митровица, претежно населена со српско население, на гласање излеге 45 проценти од гласачите во избирачкиот список, а во јужна Митровица со мнозинство Албанци, 42 проценти.

Горан Ракиќ, претседател на „Српска листа“ која е поддржана од официјален Белград, рече дека овие избори се одлучувачки за иднината на српскиот народ во Косово и Метохија, а е убеден дека партијата ќе ги добие сите 10 места во косовското собрание, колку што се загарантирани за српската заедница.

Предвремените парламентарни избори во Косово беа свикани од косовскиот претседател Тачи, откако косовското собрание беше распуштено во август, отворајќи го патот за да бидат распишани изборите.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места

Сиљановска со двојно повеќе гласови од Пендаровски во 1.650 обработени избирачки места

Александар Тодески