Првични резултати: ХДЗ убедливо води на изборите во Хрватска

Од:

Државната изборна комисија објави вечерва прелиминарни резултати, според кои владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) ќе освои дури 69 мандати.

Врз основа на само 22,95 отсто обработени гласови, опозициската коалиција на левиот центар Рестарт, предводна од Социјалдемократската партија (СДП) ќе има 44 мандати.

Десничарското Татковинско движење е трета политичка сила во новиот состав на Парламентот и освојува 15 мандати.

По четири мандати засега имаат десничарската партија Мост и зелено-левичарската коалиција Можеме.

Според досегашните резултати, по еден мандат ќе освојат и партиите на центарот Реформисти и Хрватската народна партија, како и коалицијата на партии од левиот центар Партија со име и презиме – Паметно – Фокус.

Нови резултати се објавуваат на секои 15 минути, како што се обработуваат гласовите, а поубедливи податоци се очекуваат по 23 часот.

Овие резултати се дочекани во изборниот штаб на ХДЗ со огромно задоволство, а меѓу партиските симпатизери пристигнал и актуелниот премиер и лидер на партијата Андреј Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски