Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија

Од:

Министерството за здравство на Бугарија денеска потврди за први случаи на лица заразени со мајмунски сипаници во таа држава.

Станува збор за двајца мажи кои во изминатите две недели биле во Шпанија и Велика Британија. Засега не е познато дека имале контакт со заразени лица.

Минатиот месец, водечки советник на Светската здравствена организација рече дека епидемијата на мајмуни сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија.Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина