Прва жртва на свински грип во Албанија

Од:

Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип, а уште четири лица се заразени од вирусот АХ1Н1.

Почнатиот е В.А.(45) жител на градот Скрапар, кој од Регионалната болница во Берат вчера попладне бил префрлен во Инфективната клиника во Тирана во тешка состојба, со многу висока телесна температура и проблеми во дишењето. И покрај напорите на лекарите, тој синоќа починал.

Инфектологот Етлева Вила, од болницата во Берат за медиумите потврди дека починатиот немал контакт со области зафатени со коронавирус.

Докторката Вила потврдува дека имале и четири други случаи на заразени со вирусот АХ1Н1,што било потврдено и од направените анализи во Институтот за јавно здравје.

Во Албанија, на почетокот на минатата година, четири лица починаа од вирусот AH1N1. Стануваше збор за пациенти кои страдале и од други болести.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија