Прва жртва на протестите во Турција

Од:

Дваесетгодишно момче загина во такси кое било нападнато од група демонстранти на булевар во Истанбул за време на антивладин протест, објави CNN Turk.

Тоа е првиот смртен случај од почетокот на протестите во Турција.

Во инцидентот се повредени четири други луѓе од кои еден е во тешка состојба.

Протестите почнаа пред четири дена заради планови на властите да реновираат во централниот дел од плоштадот Таксим во Истанбул, но по претерано острана интервенција на полицијата се проширија и на други места и станаа најголеми антивладини демонстрации во државата во изминатите неколку години.

По новите протести и судири на полицијата и антивладините демонстрации во ноќта во голем број турски градови, полицијата денеска во Анкара повторно употреби солзавец.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски