Прва жртва на коронавирусот во Косово

Од:

Маж на 85-годишна возраст од општина Подујево е првото лице заразено од коронавирус кое почина во Косово, објави порталот „Газета експрес“.

Според приштинскиот портал, веста преку социјалните мрежи ја потврди неговиот син, како и други членови на семејството.

Починатиот маж, наведува „Газета експрес“, е татко на едно од првите лица во Косово кои беа дијагностицирани со смртоносниот Ковид-19.

Присуството на вирусот кај синот беше откриен на 15 март, неколку дена откако се вратил од Италија.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Институтот за јавно здравство на Косово објави дека во текот на вчерашниот ден се откриени седум нови случаи, со што официјалната бројка на заразени од коронавирусот во земјата се искачи на 31.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски