Прва редовна седница на 47. Народно собрание на Бугарија, пратениците ќе го слушнат министерот за култура

Од:

Првата пленарна недела на 47. Народно собрание треба да започне со сослушување на министерот за култура на Бугарија Велислав Минеков поради состојбата со весникот „Труд“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за култура на Бугарија наредил да се затвори изданието поради неплатена кирија на користена просторија во сопственост на Министерството за култура. Програмата на новото Национално собрание треба да вклучува блиц контрола на претставниците на преодната влада и петочна парламентарна контрола.

Во неделната предлог-програма на Народното собрание, како што се дознава, не е предвидена процедура за избор на премиер, структура и состав на новата влада. Сепак, за првиот четврток во месецот е планирана блиц контрола на привремениот премиер и вицепремиерите на Бугарија, според деловникот на Собранието.

Сослушувањето на Минеков поради весникот „Труд“ и акцијата на полицијата во редакцијата на медиумите е на барање на вонпарламентарната група на ГЕРБ-СДС. Пратениците на ГЕРБ и граѓани го поддржаа Труд со акција пред Министерството за култура во Софија.

Според пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков, постапките на Министерството за култура на Бугарија се незаконски.

Претходно пред Бугарското национално радио, министерот Велислав Минеков објави дека е следена целата судска постапка пред да се запечати редакцијата на весникот и појасни дека закупецот го прекршил договорот со министерството издавајќи го под кирија.

Минеков беше дециден дека Министерството за култура нема правни односи и нема договор со ниту еден весник или медиум во Бугарија, како што тврди главниот уредник на весникот „Труд“ Петјо Бласков. Медиумите должат 115.000 евра за неплатена кирија на простории, кои во 2012 година ги изнајмило Министерството за култура на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер