Прв министерски состанок ЕУ-Западен Балкан за вработување и социјални прашања

Од:

Првиот министерски состанок на ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања денеска ќе се одржи во Луксембург, објави Европската комисија.

„Целта на состанокот, за кој се очекува да се одржува секоја година, е размена на ставови за предизвиците во областа на вработувањето и социјалните реформи што се спроведуваат за доброто на сите граѓани во регионот”, соопшти Европската комисија.

Во Луксембург ќес е дискутира за размена на искуства во врска со интеграцијата на недоволно застапените групи на пазарите на труд и усогласување на потребите за образование и пазарот на трудот.

Состанокот на министрите за ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања е организиран од страна на Европската комисија, Романија, како актуелен претседавач на Советот на ЕУ, и Финска и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Мета предупредува во писмо за апокалиптичен земјотрес на Балканот

Ана Ололовска

Над еден тон кокаин и три милиони евра запленети во операција против шверц на Балканот

Фон дер Лајен: ЕУ да остави отворена врата за земјите од Западен Балкан

Тахири: Могерини влезе во авантури кои можеа да доведат до војна на Балканот

Ана Ололовска

Ердоган: Турција нема таков луксуз оддалеку да ги набљудува настаните на Балканот

Брегу побара од Западен Балкан „Шенген“ механизам за слобода на движењето

Ана Ололовска