Протестот на албанската опозиција мина мирно и со порака дека политичкото решение е заминување на Рама

Од:

Синоќешниот шести по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција заврши со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша кој рече дека пораката што ја дадоа граѓаните е јасна, дека политичкото решение е заминување на Рама.

Тој упати порака и до меѓународните сојузници дека опозицијата е подготвена на секаква жртва.

-Денешната порака е јасна и конечна до нашите пријатели и сојузници и до противниците и непријателите на демократијата дека сме спремни да жртвуваме се за слободно дадениот глас. Никогаш нема да дозволиме антиевропски деспотизам, кој го зароби праводусдтвото и го блокираше нашето патување кон Европа. Денес ја даваме оваа порака јасна и одлучна. Оваа битка ја започнавме за Албанија како цела Европа и сега е време за политичко решение, заминување на Еди Рама, преодна влада и слободни и фер избори. Еднствен пат за да се отвори затворената врата на Европа, порача Баша.

Посочи дека отпорот и обеднувањето го започнале на 16 февруари, дека синоќа кулминирал со најмасовно народно учество во изминатите три децении и оти продолжува.

Инаку, простестот кој траеше околу три часа почна пред Владата.Во обраќањето Баша го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт“

-Рама жртвува се за една еднствена цел, неговата власт. Поради оваа прчина сака да ја однесе земјата кон неизбежен граѓански конфликт.Но,нека знае дека никогаш нема да ги скара ниту опозицијата а ниту Албанците,порача Баша.

Тој го развеа германското знаме,што според политичките аналитичари значи дека и верува само на Германија во напорите за решавање на политката криза во Албанија.

Толпата извикување „Рама од си“„Албанија како цела Европа“ и пушти најмалку 500 поголеми балони на кои беше напишано „Рама од си“,но се мина мирно.

По барање на Баша учесниците со запалени мобилни телефони продолжија кон зградата на Парлементот. Но, таму за момент беше тензично со фрлање тврди предмети и димни бомби и корнење на металната ограда.По употребата на водени топови од страна на полицијата и апелот на генералниот секретар на Демократската партија,Газменд Барди ситуацијата се смири.

Сепак, овој протест на опозицијата може да се оцени како најмирен до сега. На претходните имаше употреба на солзавец, фрлање молотови коктел врз Владата и парламентот, кршење прозорци врз државни инстуции, повредни полицајци,приведени протестант.

Би можело да ве интересира

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Земјотрес во Албанија

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики