Протестите во паркот Гези биле планирани пред шест месеци, тврди турски министер

Од:

Турскиот министер за евроинтеграции Егемен Багаш изјави денеска дека протестите во истанбулскиот парк Гези биле планирани пред шест месеци.

– Всушност протестите се обид да се изврши смена на режимот во Турција. Тие беа планирани пред шест месеци, истакна Багаш за една турска приватна телевизија.

Убеден дека зад протестите се крие „игра“ против турската држава, тој нагласи дека „тие се случуваат во најуспешниот период на Турција“.

Истовремено, министерот Багаш изрази надеж дека бројот на учесниците на денешниот митинг на владејачката Партија на правдата и развојот, кој ќе се одржи на истанбулскиот плоштад Казличешме, ќе достигне еден милион лица.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски