Протести и затворени општински служби на грчкиот остров Самос поради проблемот со бегалците и мигрантите

Од:

Учесници од средно училиште и баратели на азил одржаа два одвоени протеста на Самос, поради ситуацијата со бегалците и мигранти на грчкиот остров, а паралелно, со одлука на општина Источен Самос денеска и в понеделник нема да работат општинските служби, jави дописничката на МИА од Атина.

Бегалци и мигранти утрово одржаа мирен протест пред Центарот за прием и регистрација поради условите во кампот и побараа да го напуштат островот. Демонстрации, со истото барање одржаа и вчера и завчера.

Независно од првиот собир, ученици од средното техничко училиште на Самос претпладнево протестираа низ улиците на островот поради ситуацијата со бегалците и мигрантите на островот.

Доцна синоќа во општина Источен Самос, градоначалникот Георгиос Станѕос одржа состанок на кој беше решено во знак на протест денеска и в понеделник да бидат затворени општинските служби со исклучок на градинките и комуналната служба, а паралелно да се одржат и демонстрации поради ситуацијата со бегалците и мигрантите.

Според пописот од 2011 година, во градот Самос на истоимениот остров живеат 6.191 жител, додека пак во прифатниот центар што се наоѓа во непосредна близина, наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски