Околу 15.000 луѓе денеска учествуваа во протестниот марш во јужниот турски град Мерсин во знак на сеќавање на студентката која минатата недела беше убиена при обид за силување.
Телото на 20-годишната Озгечан Аслан беше пронајдено во петокот запалено и фрлено во река. Девојката два дена претходно била видена во минибус во Мерсин.
Турските медиуми објавија дека возачот на минибусот подоцна признал дека ја убил девојката откако се обидела да се одбрани од неговиот сексуален напад. Возачот, неговиот татко и уште еден маж се уапсени.
Убиството на девојката е повод на масовни демонстрации, излив на гнев на социјалните мрежи и обвинувања на владејачката Партија на правдата и развој не направила доволно за да ги заштити жените во Турција.