Протест вo Приштина на движењето „Самоопределување“ против договорот со Србија

Од:

Активисти на косовското движење „Самоопределување“ синоќа во Приштина организираа протест против одлуката на владата во косовскиот парламент да го испрати на ратификација бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, пренесе Танјуг.

Активистите пред зградата на косовската влада поставија натпис „Спогодба со Србија“ и го запалија.

Претседателот на „Самоопределување“ за Приштина, Берат Љаху изјави дека акцијата имала за цел да се покаже отпорот кон спогодбата, потпишана на 19 април во Брисел, со мотивот дека таа ги озаконува паралелните структури во северно Косово и ги амнестира извршителите на криминалот.

Спогодбата треба да влезе на дневниот ред на косовскиот парламент утре, на 20 јуни. Лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти, на прес конференција изјави дека спогодбата е навреда на Косово и ги повика граѓаните да излезат на протести за да се спротивстават на документот и неговата ратификација во парламентот.

Тој, уште изјави дека ќе побара од Уставниот суд да ја оцени уставноста на спогодбата.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски