Протест против „Отворен Балкан“ пред владата во Тирана

Од:

Активисти на Движењето за демократија одржаа симболичен протест пред владата во Тирана, за да се спротивстават на позицијата на премиерот Еди Рама, за регионалниот договор „Отворен Балкан“, а во исто време и неговите односи со српските лидери, пренесуваат албанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пред владата, активистите развија пано со различни фотографии, меѓу кои и фотографија на која премиерот Рама, се ракува со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меџид Рамуша од Движењето за демократија рече дека преку оваа симболична акција тие изразуваат незадоволство од неодамнешните настани, особено од постапките на Еди Рама.

-Го изразивме нашето незадоволство од премиерот на Албанија, Еди Рама, за неговите врски со Вучиќ, српскиот криминалец кој изврши масакри на Косово и ги презентиравме сите факти за неговите врски со Милошевиќ. Се спротивставуваме и на неговата, на Рама, иницијатива за „Балканскиот минишенген“, рече тој.

За разлика од оваа асоциација, албанскиот бизнис во „Отворен Балкан“ гледа со оптимизам и смета дека Албанија ќе има придобивки и оти негативниот трговски биланс со Северна Македонија и со Србија, ќе може да се подобри со договорот кој предвидува создавање заеднички пазар без царински граници меѓу земјите.

-Мораме да спроведеме пет услови пред да го потпишеме договорот за слободна трговија. Реципроцитет на стоки, месечни увозни квоти, даноци за субвенции за производи и принцип на заштита. Доколку сè се направи правилно, Албанија го има целиот капацитет да биде најголем корисник од овој договор, оценува Зуси.

Би можело да ве интересира

Италијанската полиција уапсила албанска брачна двојка и запленила околу пет милиони евра

А1он

Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела

А1он

Пријава на винарите од регионот за првиот саем за вино Отворен Балкан во Белград во септември

А1он

За туристите во Албанија ќе функционираат 29 амбуланти

Албанија ќе се попишува во октомври, изјаснувањето за етничка и верска припадност и јазик по слободна волја

Ана Ололовска

Во мај во Албанија влегле милион посетители, за пет месеци 3,45 милиони

Ана Ололовска