Протест пред Претседателството во Бугарија поради можното обновување на испораките од руски Гаспром

Од:

Вечерва се одржа нов протест пред бугарското претседателство против обновувањето на испораките на природен гас од Гаспром, кои еднострано беа прекинати од рускиот монопол поради одбивањето на Бугарија да го исполни барањето за плаќање во руски рубљи, јави дописникот на МИА од Софија.

dobivaj vesti na viber

Организаторите на протестот, кој е насловен #ГАЗwithme, најавија дека очекуваат одговори од претседателот Румен Радев за испораката на гас и за укинување на монополот на руските енергетски компании „Гаспром“ и „Лукоил“ во Бугарија.

Демонстрантите соопштија дека испратиле седум прашања до официјалната влада на Бугарија и до политичарите за актуелните проблеми за земјата, а одговори добиле само од двете партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“.

Бугарскиот претседател Радев беше исвиркан и започна протест за поддршка на Украина со основни барања да не се обновуваат врските на Бугарија со „Гаспром“ и да се организираат фер предвремени парламентарни избори.

„Бугарската демократија мора да се брани секој ден, но претседателот Радев се обидува да ја покори“, им порача на демонстрантите блогерот и политички коментатор Асен Генов. Според него, претседателот владее со Бугарија од ТВ, по примерот на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун и Русинот Владимир Путин.

Демонстрантите извикуваа „Радев, надвор!“.

Претседателот, според познатиот блогер, се јавувал на вршителот на должноста премиер на Бугарија и неговите министри и им наредувал што и како да прават. Лидерот на граѓанското движење БОЕЦ Георги Георгиев, кој учествуваше на денешниот протест, рече дека започнува петиција за соборување на Румен Радев од функцијата претседател на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Нема реакции од Османи кога Македонија се прогласува за бугарска, бурни осуди кога се навредува Бугарија

Кристијан Ландов

Борисов одби да учествува во дебатата со Кирил Петков и Асен Василев

Ана Ололовска

Донев: В четврток состанок на Советот за безбедност на бугарската Влада

Ана Ололовска

Радев категоричен: Бугарија нема да ги признае резултатите од референдумите што Русија ги спроведува

А1он

Бугарија прогласи делумна вонредна состојба во областите во близина на границата со Турција поради прилив на мигранти

Ана Ололовска

Бугарското МНР го осуди одржувањето на референдумите во областите Доњецк, Луганск и Херсон во Украина

Ана Ололовска