Протест на вработените во државните институции на БиХ, со барање за поголема плата и колективен договор

Од:

Работниците вработени во државните институции на Босна и Херцеговина денеска протестираа во Сараево, барајќи потпишување колективен договор, повисоки плати и усвојување на буџетот на БиХ.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Самостојниот синдикат на службеници и вработени во институциите на БиХ, Салих Карчиќ, за новинарите изјави дека тие по шести пат организираат протести.

– Ние сме единствената земја во Европа каде владата нема потпишано колективен договор со државните службеници. Забрзајте го потпишувањето на колективниот договор, бидејќи со тоа стануваме партнери и добиваме правна заштита. Вака не постоиме, ние сме здружение на граѓани кои не се прашани, рече Карчиќ.

Наведувајќи дека бараат усвојување на буџетот на БиХ, кој оваа земја го нема усвоено повеќе од две години, наведе дека бараат основата за пресметка на платата и коефициентите да се усогласат со трошоците за живот.

– Потрошувачката кошничка за четиричлено семејство е 2.400 конвертибилни марки (околу 1.200 евра), а две третини од вработените во државните институции не можат да преживеат со овој приход, посочи Карчиќ.

Според него, владата на државно ниво веќе 13 години „врши класичен терор“ врз службениците вработени во институциите на БиХ, бидејќи толку долго не е зголемена основата за пресметување на платите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУФОР: Почнува распоредувањето германски војници во составот во БиХ

А1он

Повеќе од 95.000 граѓани се откажале од државјанството на БиХ

Двајца убиени на селска прослава во БиХ

Во Босна и Херцеговина забранета изградбата на мали хидроцентрали

Ана Ололовска

Рекордна инфлација од 14,4 отсто во Босна и Херцеговина

Ана Ололовска

Шести економски форум на БиХ, главен фокус на целите за одржлив развој

Ана Ололовска