Протест на пензионерите во Атина: Мораме да реагираме, бидејќи живееме во сè полоши услови

Од:

Враќање на 13 пензија, реални зголемувања на пензиите, намалување на даноците на основните производи, се дел од барањата на грчките пензионери кои денеска излегоа на протест во цнтарот на Атина, јави дописничката на МИА.

Од пред грчкиот Парламент, пензионерите се упатија кон премиерската палата каде што нивни претставници предвидено беше да се сретнат со претставници на Владата.

Пензионерите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека со сегашните пензии тешко издржуваат до крајот на месецот и бараат мерки за поддршка од Владата.

-Гладуваме, затоа сме тука. Како поранешен возач на автобус имам поминато над 9.000 километри и сега немам пари за билет, вели еден од пензионерите.

Пензионерката Афродити пак, која работела во грчките пошти, вели дека се измамени од Владата и премиерот Мицотакис со најавите за зголемување на пензиите, бидејќи според нив, покачувањата не се вистински.

-Мора да пратиме силна порака д Владата. Овде сме, присутни сме и бараме веднаш да бидат исплатени сите пензии, да има вистински зголемувања, да се врати 13 пензија, но и сите кратења. Мораме да реагираме, бидејќи живееме во сè полоши услови, вели за МИА пензионерката. ср/зш/

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци