Протест на бегалци и мигранти на грчкиот остров Самос

Од:

Група баратели на азил, сместени во центарот за регистрација и идентификација на Самос, денеска одржаа мирен протест и побараа да си заминат од островот.

Според локалните медиуми, по собирот пред прифатниот центар, бегалците и мигрантите протестирале низ градот и извикувале „Слобода“.

Мирен протест имало и во текот на вчерашниот ден од оние мигранти и бегалци кои биле сместени во делот што изгоре во инцидентите и пожарот во понеделникот.

Според официјалните податоци од грчката Влада, заклучно со вчера, на островот Самос во прифатниот центар наменет за 648 лица, престојуваат 5.968 бегалци и мигранти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе