Проруската партија „Преродба“ организира протест поради посетата на Остин на Бугарија

Од:

Најмалата партија во бугарскиот парламент, „Преродба“, која се смета за проруска, организираше протест пред Министерството за одбрана и извикуваше „НАТО – надвор“ кон војската што се наоѓаше пред зградата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, протестот потоа се пресели пред зградата на бугарската Влада.

Протестот се одржува во момент кога американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се наоѓа во посета на Бугарија.

Демонстрантите изјавија дека не се согласуваат Бугарија да и го даде на Украина преостанатото оружје и на тој начин да биде вклучена во воен конфликт.

Лидерот на партијата Костадин Костадинов се изјасни против поставувањето нови американски воени бази во Бугарија. Според него, влегувањето на Бугарија во конфликтот во Украина директно ќе ја инволвира и таа ќе го изгуби своето малку преостанато оружје.

Демонстрантите извикуваа „НАТО надвор“, „Оставка“, „Бугарски херои“, а некои скандираа „Русија“. Учесниците во рацете ги носеа партиските знамиња на „Преродба“, како и на Бугарија. Имаше транспаренти „Бугарија надвор од НАТО“ и „Бугарија мировна зона“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ