Пропадна заедничката изјава на западнобалканските лидери, Курти одбил да потпише

Од:

Заедничката декларација со која лидерите на земјите од Западен Балкан требаше да застанат зад заклучоците кои ги договорија на самитот во Тирана, остана неусвоена, откако косовскиот премиер Албин Курти во последен момент побарал на документот да пишува „Република Косово“, јави агенцијата Танјуг.

Заедничката изјава беше усогласувана со денови, но учесниците на самитот денеска конечно се откажале од неа.

За време на самитот, косовскиот премиер Курти изјави дека регионалните иницијативи се во застој, а она што ги кочи е одбивањето на Србија да го признае Косово.

– Признавањето од страна на Србија ќе создаде ситуација земјите да се движат побрзо кон ЕУ. Вредностите на ЕУ исто така треба да бидат вметнати во односите меѓу земјите, само економскиот пазар не е доволен. На крајот дадов предлог за тоа како можеме да одиме напред, тоа е моделот на европскиот економски договор. Влегуваме како заеднички регион во односите со ЕУ во однос на економијата и трговијата. Да се премине од ЦЕФТА во ЕФТА ЕЕА, наведе Курти.

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека самитот на Западен Балкан бил потежок одошто очекувала и дека работите повеќе се префрлале на теренот на политиката, отколку што се разговарало за економски теми.

Според Брнабиќ, денешниот состанок со косовското раководство е само вовед во некои следни средби, меѓу кои е и официјалниот дијалог меѓу Белград и Приштина на 15 овој месец во Брисел.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан