Прогласен за мртов пред 15 години, а неодамна побарал нови документи

Од:

Еден жител на Загреб официјално е мртов веќе 15 години, а за сето тоа до неодамна не ни знаел.

Имено, пред 15 години, (1999) во болница во Сплит починал маж, кој немал блиско семејство и по неговата смрт, која по ништо не била спорна, телото било префрлено на Патологија.

Починатиот кај себе имал само еден документ, на кој немало негова фотографија, но тоа било „доволно“ да заклучат како токму тој документ е сопственост на починатиот и дека, тој е таа личност на која се однесува исправата.

Бидејќи никој од неговото семејство не се јавил, погребан е како социјален случај.

Се` би паднало во заборав, ако човекот неодамна не дошол да побара личен документ – и тогаш почнало да се одмотува клопчето, бидејќи документот по кој овој човек е прогласен за мртов е воена книшка пронајдена кај починатиот во 1999. во Сплит.

Податоците од „спорниот“ документ се впишани во матичното место, односно во загрепското подрачје бидејќи престојувалиштето и адресата на станување биле токму на тоа подрачје, па починатиот го одјавиле во тамошната матична канцеларија.

По воочувањето на грешката се стапило во контакт со работниците на Патологија во Сплит и тогаш се дошло до шокантната вистина – човекот кој пред 15 години е прогласен мртов – е жив!

За сето ова е известена сплитската полиција која сега ќе се обиде да утврди кој е всушност починатиот маж кој пред 15 години е погребан и како воената книшка без слика стигнала кај починатиот.

„Живиот мртовец“ од Загреб сите овие 15 години имал уредни документи и на никого ништо не му било спорно. Човекот сигурно уште години не би знаел дека е мртов ако не му затребале некои нови документи.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег