Продолжуваат разговорите за имплементација на договорот меѓу Белград и Приштина

Од:

Во Брисел денеска продолжуваат разговорите меѓу тимовите на Белград и риштина за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

На вчерашната рунда од дијалогот меѓу двата тима, кој започна попладнето и траеше до 20 часот во зградата на Европската служба, присуствувал и специјалниот пратеник на ЕУ на Косово Фернандо Џентилини.

Белградскиот тим е предводен од советникот на српскиот претседател Тмислав Николиќ, Марко Ѓуриќ, додека шеф на приштинската делегација е косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи.

Договорот кој минатата недела го потпишаа српскиот премиер Ивица Дачиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи предвидува широки овластувања за заедницата на српските општини на Косово, посебно кога станува збор за судството и полицијата.

Српската вицепремиерка за евроинтеграции Сузана Грубјешиќ изјави дека тимовите за имплементација на бриселскиот договор на состанокот ќе разговараат за редоследот за реализација на договорените точки и роковите за нивна примена.

Разговорот за планот на имплементирање е од суштинско значење за натамошната примена на договорот, бидејќи од неговата содржина зависи дали договорот ќе води кон вистинска автономија за Србите.

Српската Влада во понеделникот се согласи со потпишаниот текст од предлог-договорот со Приштина, а за денеска е закажана седница на Парламентот на која пратениците ќе го разгледаат владиниот извештај за досегашниот процес на политичкиот и техничкиот дијалог со Приштина, чиј составен дел е и предложениот договор.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски