Продолжуваат антивладините протести во Софија

Од:

Демонстрантите 25 ден по ред протестираат во Бугарија, барајќи оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев.

И денеска се блокирани главните крстосници во центарот на Софија, каде на 29 јули беа поставени шатори.

Шефот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев вчера најави дека ќе биде намален бројот на полицајци, кои го обезбедуваат протестот, поради тоа што за една третина е зголемен бројот на заразени припадници на безбедносните сили со Ковид-19. Тој истакна дека дневно се инфицираат пет до шест полицајци.

Полицијата ги спречи демонстрантите да го блокираат автопатот помеѓу Стара Загора и Хасково, формирајќи кордон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада