Продолжува опасноста од поплави во Хрватска

Од:

Иако водостојот на Сава опаѓа, опасноста од поплави во Хрватска се уште не поминала и интензивно се работи на одбрана на местата, кои се уште се загрозени, јавуваат хрватските медиуми.

Најтешка е ситуацијата во Гуња, Строшинци и Рачиновци, Посавски Подгајци, Ѓуриќи и Дреновци. Поплавени се 210 квадратни километри.

По состанокот на Кризниот штаб договорено е делумно затворање на насипот со цел да се овозможи повлекување на Сава од поплавените подрачја.

Хрватската министерка за култура Андра Златар Виолиќ  изјави дека во поплавените подрачја врз културните и сакралните објекти е нанесена штета од десетици милиони куни.

Виолиќ со премиерот Зоран Милановиќ и други членови на Владата го посети Рајево Село.

Според неа, во поплавите на подрачјето во Хрватска се оштетени книжарници, домови на културата, повеќе десетици манастири и цркви од 17. и 18. век. 

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег