Продолжува бранот бегалци и мигранти на грчките острови

Од:

Само на грчкиот остров Лезбос во текот на викендот, заклучно со утрово, пристигнале 455 бегалци и мигранти, од кои половина, односно 227 биле регистрирани од полноќ до 9,30 часот, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на Дирекцијата на грчката полиција надлежна за северниот дел на Егејското Море.

Според официјалните податоци од грчката Влада за вчера и завчера, на островите во близина на Турција пристигнале 622 лица и доколку на оваа бројка се додадат и денешните 227, вкупниот број е 849 бегалци и мигранти.

Особено е голем бројот на лица кои на Лезбос, Хиос, Самос и останатите острови, пристигнале во саботата – 571 бегалец и мигрант, а вчера имало значително намалување, само 51 лице.

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера, односно во првите осум дена од септември, според официјалните податоци од грчката Влада за ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Море, пристигнале 2.474 бегалци и мигранти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе