Продолжени рестриктивните мерки во бегалските кампови во Грција

Од:

До 2 август продолжено е ограничувањето на движење во бегалските кампови и центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти во цела Грција за заштита од ширењето на коронавирусот, согласно одлуката на министрите за цивилна заштита, за здравство и за миграција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на вчерашниот ден, на Лезбос, во два одвоени случаи, пристигнаа вкупно 58 бегалци и мигранти.

Едниот чамец, со 20 лица, стигнал во северниот дел на островот, а другиот, со 38, во североисточниот дел на Лезбос.

Како што е веќе пракса со бегалците и мигрантите кои пристигнуваат од турското крајбрежје, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираат сите лица, а потоа ги сместуваат во специјален објект- карантин.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен