Продолжена мисија на германските војници во ЕУФОР Алтеа и во КФОР

Од:

Германскиот Парламент вчера ја изгласа владината одлука за испраќање војници во Мировната мисија на Европска Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа) и продолжување на мандатот на вооружените сили на Косово во рамките на КФОР за уште една година.

dobivaj vesti na viber

Пратениците од владејачката коалиција составена од Социјалдемократската партија (СДП), Зелените и Слободната демократска партија, гласаа за двете мисии.

Германија во следните 10 години ќе испраќа по 50 војници во ЕУФОР Алтеа во БиХ, а мандатот на 400 германски војници во Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) е продолжен за уште една година.

Германската арамија во Косово е уште од 1999 година, како дел од меѓународна мисија.

Мисијата на ЕУ ЕУФОР Алтеа е формирана во 2004 година за да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

КФОР вежба одговор на кризни ситуации во Косово

А1он

Државната обвинителка на Босна и Херцеговина санкционирана од САД

Во парламентот на БиХ некој се отрул од полнети пиперки, уништени 90 килограми месо

А1он

Британски и германски претставници за Западен Балкан: Состојбата во Босна и Херцеговина најсериозна од 1995 година

А1он

Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Хрватска

КФОР предупредува дека нема да дозволи барикади во северно Косово