Додека судењето за илегалната трговија со органи во Приштина се ближи кон крајот, обелоденето дека е продадена клиниката „Медикус“ во која се одвивале илегални трансплантации на органи.
Љутфи Дервиши, сопственик на клиниката „Медикус“ и еден од обвинетите за трговија со органи, ја продаде клиниката минатата есен, бидејќи, како што наведе, неговиот бранител, не можел да плаќа данок и сметки за струја.
Тоа е соопштено откако обвинителот на ЕУЛЕКС Џонатан Рател наложи на полицајците на ЕУЛЕКС да вршат надѕор на клиниката во близина на Приштина поради информации дека во зградата се забележани нови активности.
Рател рече дека натписот на клиниката е променет од „Медикус“ во „Медицинска клиника“ и додаде дека постојат основани сомненија дека еден или двајца лекари од порано познати на ЕУЛЕКС престојувале на клиниката.
Истражителите ја затворија приватната клиника во 2008 година, во рамки на прелиминарната истрага. Зградата е запленета врз основа на судски налог, а на Дервиши му е забрането да влегува во објектот.