Пробен попис на населението во Хрватска од 1 до 15 март

Од:

Од 1. до 15 март во Хрватска ќе се одржи пробен попис на населението.

Како што објави агенцијата Хина, пробниот попис ќе се одржи во Вараждинската жупанија, заедно со Приморско-горанската, Осиечко- барањската и Сплитско-далматинската упанија, како и во градот Загреб.

Пробниот попис ќе опфати околу 12.000 луѓе, беше речено на прес-конференција во Вараждин.

Заменик-жупанот Роберт Вугрин рече дека со пробниот попис ќе бидат опфатени околу илјада домаќинства и нешто повеќе од две илјади луѓе. Тој додаде дека од 22 до 26 февруари попишувачите ќе ги посетат домаќинствата и ќе делат летоци.

– Целта на пилот-пописот е јасно да се идентификуваат можните недостатоци и проблеми, така што првиот попис ќе може да заврши без никакви проблеми, рече Вугрин.

Тој додаде дека пописот е овозможен преку апликацијата е-Граѓани и побара од сите да се регистрираат бидејќи, потсети, досега само една четвртина од населението во Вараждинската жупанија е регистрирано на таа апликација, а само 15 проценти од населението редовно ја користи апликацијата.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари