Приведени капетанот и неговиот заменик од турскиот брод „Вера Су“, што се насука во Црно море

Од:

Капетанот и неговиот помошник од турскиот брод „Вера Су“, што се насука во бугарските територијални води од Црно море, се притворени на 72 часа, јави БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, против нив ќе биде поднесено обвинение, а побарана е мерка притвор.

По повеќе од шестчасовното сослушување, морнарите од бродот се ослободени.

Иследниците од бугарската Национална истражна служба се очекува утре да пристигнат во Добрич, за да ја продолжат истрагата за случајот.

Од бродот досега се одземени сите потребни документи што би користеле за истражните органи.

Бугарски капетан ќе го преземе управувањето со турскиот брод, што се насука во близина на природниот парк Ајала, поради што оваа тема стана многу чувствителна во бугарскиот јавен простор.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Голем пожар на британски носач на авиони, има повредени

Горан Наумовски

Почина бугарскиот патријарх Неофит