Приведен синот на бугарскиот претседател Радев, се журкал на забранета забава во софиски хостел

Од:

Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов потврди дека синот на претседателот Румен Радев – 18-годишниот Георги Радев-Јуниор, бил приведен во саботата навечер поради нарушување противепидемиски мерки – присуство на забава во хостел во Софија.

Според полицијата, на забавата имало единаесет малолетни лица и тројца полнолетни.

– Да, можам да потврдам дека … синот на претседателот беше таму. Не можам повеќе да ви кажам. Ние не спроведуваме истрага, изјави тој.

Тоа не е прв случај на судир на синот на Радев со законот. Во 2019 година тој беше приведен во дискотека по тепачка. Две години порано беше вклучен во тепачка меѓу ученици.

Од Кабинетот на бугарскиот претседател, наспроти изјавите на здравствените власти, негираа дека синот на Радев е приведен.

„Жално е што претставниците на извршната власт се вклучуваат во објавување невистини и од друга страна, ги газат законските гаранции за заштита на идентитет на малолетници“, се вели во соопштението од Кабинетот на Радев.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија