Приведен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија во истрагата за Вељко Беливук

Од:

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, е приведен утрово на информативен разговор како дел од истрагата по апсењето на криминалецот Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, кој се затскривал и зад навивачката група на Партизан.

Според информациите од српските медиуми, Славиша Кокеза, е приведен врз основа на наводите на белградскиот угистител Александар Кајмаковиќ, познат како Аца Босанац. Тој во своја изјава пред криминалистичка полиција изнел сознанија околу активностите на групата на Вељко Беливук и потенцирал дека со него се знае „преку повеќегодишно познанство со Славиша Кокеза“.

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија беше сослушан во текот на денот во просториите на СБПОК.

Славиша Кокеза е на чело на Фудвалската федерација на Србија од 20 мај 2016 година, а претходно кус период беше член на Управен одбор на Црвена Звезда. Според дел од медиумиte, последните случувања и евентуалната поврзаност на Кокеза со криминалната група на Вељко Беливук би можела да го симне функционерот од позицијата, по неполни пет години откако дојде на неа.

Во јавноста веќе се лиферуваа имињата на можните кандидати за наследник на првиот човек на ФСС, меѓу кои најмногу изгледи му се даваат на поранешниот репрезентативец и долгогодишен столб на одбраната на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски