Притвор за десетмина Косовци осомничени за трговија со луѓе

Од:

Судија на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) денеска им одреди 15-дневен притвор на 10 лица, кои се осомничени за вклученост во организиран криминал и за трговија со луѓе.

Според одлуката на судијата, двајца од осомниечените се задржани во притворската единица на судскиот затвор, а останатите осуммина ќе бидат во домашен притвор.

Десетмината Косовци се осомничени за трговија со жени од Молдавија, кои работеле како келнери во барови во околината на Ѓаковица, но воедно биле и принудувани на проституција.

Меѓу осомничените се неколкумина менаџери на ноќни барови, сопственик на хотел и двајца државни службеници, кои се товарат дека им издавале дозволи за престој и работа на Молдавките.

Осомничените беа приведени пред два дена при, како што соопшти косовската полиција, полициска акција за разбивање на криминална група што се занимавала со трговија со луѓе. При акцијата биле откриени 22 жени од Молдавија, кои се идентификувани како жртви на трговијата со луѓе.

При полициската кација се запленети и оружје, муниција и „одредени вид документи“.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски