Притвор во Драч за шоферот од прилепско на кој му најдоа преку 300 килограми кокаин во камионот

Од:

Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Назиф Ајровски (40), возач на камионот во кој албанската полиција откри 324 килограми кокаин.

– Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апсењето во делот на кривичното дело „недозволена трговија со наркотични средства“ и му одреди мерка на безбедност „затворски притвор“, пренесува Топ чанел.

Во досието на Обвинителството се посочува дека тој е човекот кој ја превезувал дрогата, но оти соработувал со други лица за таа да стигне до Италија.

– Дрогата – кокаин во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во камионот со македонски регистарски ознаки, натоварен со метални плочи и управуван од Назиф Ајровски од прилепското село Дебреште. На албанска територија преку преминот Ќафасан влегол претпладнето на 16 јуни, а тој изјавил дека морал да се задржи на патот, бидејќи му се загревал моторот од камионот. Возачот тврди дека немал никакви сознанија за дрогата, стои во досието на кое се повикува агенцјата Балкан веб.

Дрогата е открена со скенер на втората линија на контрола, пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона, а требало да се растовари во Џенова.

Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на НБА-тимот Чикаго булс, фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, како и на компаниите Кензо и Диор.

Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица, велат албанските истражни органи.

Би можело да ве интересира

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек