Приштински весник измисли текст за Ердоган

Од:

Приштинскиот весник „Бота Сот“ измисли текст во кој турскиот премиер Реџеп Ердоган, наводно, го поддржал правото на Албанците на самоопределување и формирање на поголема држава и обезбедува воена помош од Турција во остварувањето на таа цел, рече амбасадорот на Турција во Србија Али Риза Чолак.

Тој остроо ги негираше наводите и рече дека тоа свесен обид да се нарушат добрите односи меѓу Србија и Турција.

„Не знам од каде дојде приказната, но таа е комплетна измислица.

– Прво изјавата беше објавена и на веб-сајтот на Косово, а подоцна и тие самите се извинија за тоа“, изјави Чолак.

Приштинска „Бота Сот“ напиша дека Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Приштина рече дека „Албанците имаат право на самоопределување и формирање на поголема земја и дека Турција, доколку е потребно, ќе даде и воена помош за албанските браќа да се постигнат овие цели“.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски