Приштина во шок: „Косово во границите на Србија и во албанските учебници“

Од:

Приштина е повторно во шок откако поранешниот албански премиер Сали Бериша објави дека Косово е претставено во рамките на српските граници и на мапите во учебниците за осмо одделение во Албанија.

Откако Еди Рама објави видео на коешто, помеѓу останатото, се гледаше и мапа на која косовската територија е во границите на Србија, Сали Бериша на својот „Фејсбук“ профил објави фотографија од книгата „Граѓанство“, наменета за учениците од осмо одделение во Албанија, во која исто така се наоѓа мапа на која косовската територија е во границите на Србија.

Бериша, објавувањето на мапата од страна на Еди Рама го нарече „национално предавство“.

Видео снимката со спорната мапа стоеше на профилот на Еди Рама повеќе од пет часа, а по критиките од Приштина видео снимката беше сменета, пишува приштинскиот весник Газета експрес.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари