Приштина во преговорите отстапи од планот за имплементација

Од:

Приштинската делегација отстапи од планот за имплементација на бриселскиот договор во сите пет работни групи, дознава „Танјуг“ од извори блиски до преговорите во Брисел.

Истите извори тврдат дека белградската делегација ниту за збор не сака да отстапи од она што е напишано во планот.

Разговорите помеѓу Белград и Приштина за примена на априлскиот договор, електрична енергија и телекомуникации се завршени вечерва и продолжуваат утре.

На денешниот дијалог главни теми биле примената на договорот и снабдувањето со електрична енергија, на што се разговарало и на експертско ниво.

Белградскиот тим за имплементација на договорот го предводи шефот на владината канцеларија за Косово, Александар Вулин и Дејан Павиќевиќ, а во разговорите учествува и советникот на претседателот на Србија, Марко Џуриќ, министерот за правда Никола Селаковиќ и други.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска