Приштина се подготвува за свечениот дочек на Рамуш Харадинај

Од:

По ослободителните пресуди за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, мал е бројот на оние кои веруваат дека пресудата за Рамуш Харадинај и уште двајца команданти на Овк која ќе биде донесена на 29 ноември ќе биде поинаква.

И додека Косово веќе се подготвува за свечениот дочек, упатените тврдат дека Харадинај веднаш по враќањето ќе продолжи да се занимава со политиката.

Љубиша Живадиновиќ, адвокатот на генералот Небојша Павковиќ во изјава за српски Блиц вели дека тој и неговиот клиент чувствуваат разочарување и немоќ по ослободителната пресуда за Готовина и Маркач и стравуваат дека за една недела неправдата може да се повтори.

– Ако на Косово се подготвува дочек, тогаш луѓето веројатно се добро информирани и знаат што ќе се случи, вели Живадиновиќ.

И адвокатите на другите осуденици од Хашкиот трибунал се надеваат дека “нема да се повтори пристрасноста на судот”, но сепак оставаат доза на резервираност.

Рамуш Харадинај, Идриз Баљај и Лахиј Брахимај се товарат за убиства, насилно однесување и мачење и за кршење на законите и обичаите за време на војната на Косово во 1998. година.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски