Приштина: Откриена спомен-плоча во чест на жртвите на 11 септември во САД

Од:

Во дворот на Владата на Косово утрово е откриена спомен-плоча во чест на жртвите на терористичкиот напад на 11 септември 2011 година во Соединетите Американски Држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

dobivaj vesti na viber

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај и амбасадорот на САД Филип Коснет ја открија плочата на која се изгравирани косовскиот грб и зборовите „Косово помни“ на албански и на англиски јазик, како и датумот 11 септември 2011.

Харадинај во своето обраќање пред присутните на церемонијата изјави дека „и Косово го доживеа тешко нападот врз пријателскиот американски народ“.

– Косово секоја година им одава почит на жртвите на 11 септември и сочувствува со Америка. Ние ќе го претвориме во традиција овој помен и секоја година на овој ден пред да ја започнеме работата во институциите ќе им одаваме почит на паднатите во Америка. Ова од причина што ги сметаме за наши, затоа што Америка беше со нас за нашата слобода и гаранција за слободата во светот и ние секогаш ќе бидеме заедно со Америка за да ја браниме слободата, изјави Харадинај.

Амбасадорот Коснет во своето обраќање изјави дека е почестен од начинот на кој косовскиот народ го одбележува 11 септември, што е „потврда за длабоката врска меѓу народот на Косово и народот на САД“.

– Американците засекогаш ќе ја помнат поддршката која САД ја добија од светот, а реакцијата од нашите пријатели во Косово беше моментална и искрена. Веднаш по нападот насекаде низ Косово народот се собра за маршеви на поддршка, се палеа свеќи и се организираа крводарителски акции, а некои косовски граѓани се пријавија како волонтери за да се придружат на американската војска во борбата против глобалниот тероризам. Оваа спонтана реакција беше потврда за длабоката врска меѓу народот на Косово и народот на САД, изјави Коснет.

Речиси 3.000 луѓе загинаа во нападите што ги изврши терористичката организација Ал Каеда на 11 септември 2011 година во Њујорк и кај Пентагон.

Би можело да ве интересира

Курти за „Ел Паис“: Шпанија треба да нé признае, Каталонија не е истo што и Косово

Србија повторно се задолжува: Овој пат 340 милиони евра

А1он

Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот на автобусот останува во притвор

Возачот на српскиот автобус кој се преврте во Бугарија останува во притвор

Катерина Павлова-Николовска

Меџидиев: Нема опасност по животот на децата повредени во несреќата со српскиот автобус на автопатот „Тракија“

А1он

Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија

Ана Ололовска