Приштина и шест други косовски општини викендов во карантин поради Ковид-19

Од:

Косовската Влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, откако последните денови беше забележано видно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот.

На предлог на Комитетот за справување со пандемијата, Владата на Авдулах Хоти попладнево одлучи, од вечерва во 20 часот до понеделник во 5 часот наутро, да се затворат сите бизниси, трговските и рекреативни центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Од оваа одлука се исклучуваат пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите кои се занимаваат со производство, достава и продажба на есенцијални стоки. Не се опфатени ниту институциите кои управуваат со пандемијата, економските оператори и превозниците кои обезбедуваат функционирање на синџирот на снабдување.

Покрај оваа одлука која се однесува на целата територија на државата, министерот за здравство на Косово, Арменд Земај наложи посебни мерки за седум општини, во кои се забележани најголем број на новозаболени во новиот бран на ширењето на заразата.

Би можело да ве интересира

Борел повика на итна деескалација на северот на Косово

А1он

Бајден: САД ќе донираат уште 500 милиони дози вакцини низ светот

А1он

Во Албанија анти-ковид мерките остануваат и понатаму во сила

А1он

Словенците преговараат со „Новартис“ за производство на вакцини против Ковид-19

А1он

Во Истанбул вакцинирани 84 отсто од населението против Ковид-19

А1он

Нови правила за невакцинирани работници во Германија – нема плата за време на карантин

А1он